добредојдовте во локалната библиотека

Зачленување во библиотека

Yarra Plenty Regional Library обезбедува библиотекарски услуги за Cities of Banyule, Whittlesea и Shire of Nillumbik. Можете да позајмите и вратите предмети во било која од овие библиотеки.

Зачленувањето во библиотеката е лесно – може да се направи на интернет или во една од библиотеките. Треба само да ни покажете документ со вашето име и адреса. Ако сте помлади од 18 години потребен е и потпис од вашиот родител или старател.

Љубезен персонал

Нашиот персонал е љубезен и подготвен да помогне. Ќе ви помогнеме да најдете информации или добра книга за читање. Можеме да ви покажеме како да користите интернет и нашиот каталог.

Програми и активности

Нашите библиотеки организираат многу програми и активности – пријавете се за нашиот весник на линија или погледнете на нашата интернет страна што е најново. Редовните настани вклучуваат Bookaroo, време за предучилишни приказни, активности за време на училишните распусти, помош со домашните задачи, интернет класови и разговори за книгите.

Членска картичка

Членската картичка ви овозможува да позајмите до 30 предмети за време од 3 недели. Може да го продолжите времето на позајмените работи (два пати ако не се барани од други членови) по телефон или на линија 24 часа во денот, или во една од библиотеките. Ако ја изгубите картичката или ви е украдена треба да не известите колку што е можно побрзо. Известете не и ако го смените името, адресата, електронската пошта или телефонот, за да можеме да ве контактираме ако е потребно.

Компјутери

Компјутерите се расположиви во сите наши библиотеки и мобилни библиотеки за барање информации, пристап кон е-пошта или пишување на компјутер. Нема потреба да резервирате, меѓутоа ви треба членската картичка за да се пријавите.

 

Print